Се затвора Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, сопственичката на просторот не го продолжува договорот за наем

Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во бугарскиот град Благоевград, кој беше отворен пред шест месеци, по отворањето на бугарски клубови во Македонија, се затвора, соопшти претседателот на Градскиот комитет на ОМО „Олинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.


„Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов (околиски претседател за благоевградска околија и член на Координативното тело на македонската народна организација ОМО „Илинден“) и Атанас Мазнев (претседател на Клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО Илинден – Пирин) добивме информација дека по шест месеци, Клубот „Никола Вапцаров“ ќе биде затворен. Причината за затворањето на Клубот е тоа што тој беше под наем за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор со сегашните наематели на просторијата“, објави Кирјаков на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста