Се бара мораториум на новиот образовен концепт – наставниците стравуваат за своите работни места

појувањето на четири предмети во еден  и укинувањето на историја и општество за шестто одделение ќе предизвика крајно штетни последици за македонскиот обраовен систем, а дел од наставниците може да останат без работа.

 Здружението на историчари со остра реакција за скандалозната наставна програма која треба да се спроведува од идната година. Ако не се работи на квалитетот на образованието Македонија ќе биде на  дното во споредба бразовниот систем во Европа.  Историчарите  бараат мораториум за концепцијата за основно образование

„како здружение на историчарите на Република Македонија, чијашто повеќе од седумдецениска дејност меѓу другото е насочена кон развојот на македонската историографија и унапредувањето на квалитетот на наставата во македонската историја, потсетуваме дека многупати и тоа во повеќе форми, јавно предупредивме на негативните импликации од крајно избрзано донесената концепција за основно образование, која што беше целосно отфрлена од сите релевантни научни и високообразовни институции“, стои во реакцијата.

Новата концепција е закана за работните места на наставниците.  Спојувањето на предметите ќе предизвика 20 проценти од наставниците да се вишок во сегашниот систем. Според актуелниот закон, платите на наставниците се пресметуваат по број на наставни часови, а со новата концепција им се крати.  Независниот синдикат на образование предупредува дека ќе ги преземат сите чекори ако ова не престане да се спроведува, не ја исклучуваат можноста и за штрајк.

Ако во минатото во четири години во секоја паралелка имало 148 часа, сега има 140 часа сега има 32 часа помалку во природната и општествената група значи едно и пол работно место недостасува , вели Томислав Гиевски од Независниот синдикат за образование

Новата концепциа предвидува дека предметите хемија, биологија , физика и географија се спојуваат во едно а се укиннуваат историја и општество.

Кристина Алексиеска

.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста