Серијата „Црвениот поет“ се држи во бункер неосновано и се прекршува и договорот за финансирање

Серијата „Црвениот поет“ незаконски се крие од јавноста. Продуцентот бил должен во рок од две години од завршувањето да го емитува проектот а во спротивно бесплатно да го понуди на МРТВ или на која било национална телевизија. Ова стои во договорот за финансирање со Агенцијата за филм која за проектот платила 23 милиони денари, народни пари. Алфа повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ги доби договорите, анексите, синопсисот.

„Доколку продуцентот во рок од две години од целосна реалзиација на играната серија од член 1 на овој договор не ја емитувал на територија на Македонија, должен е без надоместок да ја понудат за телевизиско прикажување…“

– стои во договорот помеѓу помеѓу Агенција за Филм и продукциска куќа „Сектор Филм“.

Од првиот програмски сервис при македонската радио телевизија, за Алфа тврдат дека серијата последен пат им била понудена во 2018та година по многу високи цени, додека пак за бесплатно емитување, досега не станало збор.

Алфа ТВ неодамна служебно побара од Агенцијата за филм, да го емитува филмското дело посветено на македонскиот револуцонер Коста Солев – Рацин, но и по неколку недели чекање, оттаму одговор се уште нема.

Во отсуство на објаснување од продукциската куќа Сектор филм и Агенцијата за филм, во јавноста има разни шпекулации која е вистинската причина која стои зад емитување на серијата која веќе 6-та година по ред, никако да го види светлото на денот. Со ова, само се подгреваат сомнежите во јавноста дека серијата се цензурира за да не ја вознемири Бугарија, по примерот на филмот „Трето-полувреме“, бидејќи во „Црвениот-поет“ се прикажуваат сцени од заробувањето на Рацин од страната на бугарскиот фашистички окупатор, како и неговото измачување во озогласениот логор Корница.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста