Серијата „Црвениот поет“ се држи во Бункер неосновано и се прекршува и договорот за финансирање

Агенцијата за филм мора да го даде „Црвениот поет“. Самиот договор за финансирање предвидува дека доколку не биде емитувана во рок од две години, таа мора да биде понудена на МРТВ, националните или регионалните телевизии.

Повикувајќи се на ова ТВ Алфа, по втор пат, достави барање до Агенцијата за филм каде бара да и биде доставена копија од готовата серија.

На првото барање од Агенцијата, одговор се уште нема,  второто е доставено и поткрепено со договорот помеѓу Агенција за Филм и продукциска куќа „Сектор Филм“ чии членови се прекршени. Алфа ја бара серијата Црвениот поет и нуди емитување во прајм тајм на епизодите од истата.

Алфа Телевизија денеска доставува второ барање до Агенцијата за филм со кое бараме серијата Црвениот Поет да се емитува на Алфа Телевизија. Тоа го правиме заради интерес на граѓаните , бидејќи соодветно на содржината на самата серија, нашата публика е заинтересирана за истата. По доставените документи од страна на Агенцијата за филм , увидовме дека е прекршен договорот за финансирање и производство на самата серија и врз основа на тие прекршувања , претпоставуваме дека Агенцијата за филм ги има испочитувано сите процедури и веќе ги поседува правата на серијата и бараме од Агенцијата на ни достави копии од епизодите кои ние ќе можеме да ги емитуваме на Алфа ТВ , рече Катерина Антовска – Алфа ТВ

Правниот тим на телевизијата објаснува дека се исполнети сите услови за емитување и дека Агенцијата и продуцентската куќа повеќе не семат да ја кријат серијата која го претставува животот на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин во периодот кога Македонија била под чизмата на бугарскиот фашистички окупатор,

Молкот од продукциската куќа и од Агенцијата за филм, се погласно кажува дека причината за неемитување веројатно се крие во намерата да не се брануваат односите меѓу Скопје и Софија бидејќи серијата е сместена во периодот на Втората светска војна.

Алфа не се откажува, ќе ангажира и адокатски тим, кој согласно Договорот за продукција, ќе ги искористи сите правни лекови за да ја добие серијата која е финансирана со народни пари.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста