Сериозна ли е власта кога вели дека и е важен статусот на Охрид во Унеско?

За дивеењето и узурпацијата на струшкото крајбрежје никој не чувствува одговорност. Ситуацијата е хаотична посебно на потегот од Елен камен до Радожда каде се градат објекти на самиот брег,а на плажите и покрај тоа што со години им се истечени договорите за концесија, концесионерите ги доуредиваат градејќи нови објекти.Одбегнувајќи дирекно да одговори зошто на Мерко му се прогледува низ прсти,министерот за транспорт и врски Бочварски очекувал општина Струга како и сите други општини,да побара помош од државата за дивоградбите кои самата ги аминува.

Истото важи и за општина Струга, во секој момент кога ќе побара поддршка, еве јавно информирам дека може да помогнеме како влада да се отстранат сите оние објекти кои што не се во согласност со Унеско.Ние не сме кажале некој да ги отстрани плажите или некој да ги постави плажите вели Благој Бочварски –мин.за транспорт и врски.

Охрид пак втора година по ред туристичката сезона ја дочекува без уредени плажи, надлежните институции 4-ри години не ги понудија плажите под коцесија.

За тоа е потребно да се изработи планот за управување со охридското крајбрежје кое што Агенцијата за просторно планирање и министерството за транспорт и врски некако дали имаат други побитни работи, или ова не е нивниот фокус, не се случува ништо периодов вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Општина Охрид или било која друга општина која што има таква потреба, има таква можност согласно ГУП и Планот за управување на Унеско нема никава потреба да пристапи кон Владата за било каква согласност, можат сами да си ги изработат тие планови рече Благој Бочварски –мин.за транспорт и врски.

Владата долго тактизираше со одземањето на ингеренциите врз плажите под изговор дека најпрвин требало да се донесат законските измени за сега вината за хаосот за крајбрежјето да си ја префрлаат едни на други. Нејасно е како Бочварски мисли дека државата која како што рече не била подготвена да го изгуби статусот на Унеско,ќе го стори тоа без да побара одговорност или санкции за самоволие,кои владее посебно на струшкото крајбрежје ?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста