Секретарот на Цар Борис Трети истепан во кафеана Охрид- бугарското МНР со жестока реакција, иако тепачката била од приватни, а не политички причини

Додека македонските власти се и повеќе од млаки во реакциите кон Бугарија за секојдневните бугарски провкации кои почнаа да зачестуваат и среде Скопје, бугарските веднаш ја повикаа македонската амбасадорка да и врачат протестна нота поради тепачка која во кафеана, која според првичните докази и сведочења била мотивирана од приватни недоразбирања од претходно, а не од потички мотиви. Причината за жестоката реакција на бугарското МНР е бидејќи истепаниот бил секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Цар Борис Трети, без разлика што најверојатно овој инцидент нема никаква врска со политиката.

-Очекуваме земјата што ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија. Постоењето проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија, порачаа од МНР на Бугарија.

Оваа тепачка беше причина за нова серија напади кон како што ја нарече втората бугарска држава, од страна на Костадин Костадинов. Кој заедно со Џамбаски минатиов викенд среде Скопје ни порача дека Македонија била бугарска. Тој побара ова да било тема на претстојниот Совет за надворешни работи и било доказ дека не требало да биде кренато ветото за државава. 

-А политичките сили во Парламентот, немаат смелост да го признаат проблемот со кревањето на ветото. Како резултат на тоа можноста да се стигне до ликвидирање на Бугари, до физичко ликвидирање на Бугари во Македонија е пореална, поголема и поверојатна од кога и да било минативе години. Бараме повторно проблемот за правата македонските Бугари да биде тема и не претстојниот Совет за надворешни работи пред Жозеп Борел на 23-ти јануари оваа година, изјави Костадинов.

Иако очигледно мотивите не биле од политичка причина, случајот го исполитизира и македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи. Ќе одел во посета на повредениот и немало да дозволи некој поради политички или националистички причини да ги расипува односите со Бугарија.

-Нема да дозволиме никој дали поради политички интереси, дали било кој поради други погледи да го загрози тоа што го постигнавме во сите овие децении. Очекувам веднаш после оваа прес конференција и да го посетам нападнатиот бидејќи се работи за државјанин на Македонија и во оваа држава никој ама баш никој не смее да биде нападнат заради погледи, заради мислења ставови, заради чуство и заради идентитет, изјави Османи.

Според информациите кои го соопшти МВР инцидентетот започнал во угостителски објект во Охрид, а потоа продолжил и надвор од објектот три лица физички го нападнале секретарот на бугарскиот културен клуб, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста