Седница на работната група за подготвување на предлог – иницијативата за уставни измени

Власта продолжува да ги турка уставните измени. Работната група попладнево одржа уште една седница на која бил разгледан деловникот за работа. Претседателката Маргарита Цаца – Николовска вели дека не сака да шпекулира со временски рокови кога би бил готов предлог текстот за уставните амандмани.

Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече дека не би шпекулирала со време. Комисијата која е составена од 23 членови, вели дека не работи за пари, туку за добра волја. Инаку, работната група за уставни измени за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, е услов за отворење на процесот на преговори со Европската Унија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста