„Северномакедонци“ зачестува – практика што ја преземаат се повеќе странските дипломати

„Северномакедонците го сакаат она што ЕУ го сака за нив“ – рече шведската амбасадорка. Македонците станаа северномакедонци по кој знае кој пат – и наместо некој да ја поправи, цел амфитеатар во Министерството за надворешни работи молчеше на изјавата амбасадорката Ами Ларсон Јаин.

Ова е само едена од низата изјави од странски дипломати кои од македонци тивко не претопуваат во северномакедонци. И речиси секогаш ваквите изјави помиуваат без официјална реакција.  Власта молчи, иако Преспанскиот договор никаде не предвидува северномакедонци или северномакедонски.

Првиот дипломат Бујар Османи, тогаш се обиде да го оправда Макрон, дека станувало за ненамерна грешка.

Претходно, австриски новинар во прашање на пресконференција на Османи не нарече северномакедонска нација.  Османи побрза да го коригира,  правдајќи се дека станува збор за грешка во преводот. (Бујар кај шо слуша превод од прилогот на Никола 10.05.2022

Toкму Османи, стана северномакедонски министер и за франскуското МНР.

„Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, денеска разговараше со својот северномакедонски колега Бујар Османи – пишуваше во соопштението, кое подоцна беше поправено ( слика пак од поправеното).

Португалска министерка пак го има наречено нашиот јазик северно македонски.

Познавачите многу пати до сега реагирале дека секоја употреба на терминот „северномакедонци“е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Апелираат македонската дипломатија посериозно да се фокусира на меѓународните односи и да промовира недвосмислен наратив.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста