СДСМ и ДУИ се одмаздуваат за поразот

Одмазничка акција на Владата СДСМ и ДУИ по поразот на изборите за Совет на Тетово. Вака градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ја толкува одлуката на владата потпишана од вицепремиерот Артан Груби една од двете згради каде што учат само Македонците во тетовската гимназија да се даде на трајно користење на Катастарот.

За жал, власта, поточно ДУИ, не може да прифати тоа што граѓаните на Тетово ја осудија за злобната и одмаздничка политика што ја води кон Тетово и неговите граѓани. Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училишен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово, изјави Биљал Касами – градоначалник на Тетово

Касами потсетува дека сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта од 2004 година е на општините. Со тоа Владата ги погази законите и сопствени одлуки. И покрај состојбата паралелките по македонски јазик ќе ја почнат новата учебна година, порача градоначалникот.


Како градоначалник на Општина Тетово, застапувајќи ја волјата на граѓаните,  ја повикувам Владата итно да ја преиспита оваа одлука, бидејќи старата зграда на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена и за лична корист. Апелираме до власта да се однесува одговорно кон Тетово без да го дискриминира и напаѓа
, изјави Биљал Касами – градоначалник на Тетово

Срамна одлука на СДС и ДУИ која ги засегнува само учениците Македонци, реагираше и ВМРО ДПМНЕ:
На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образувание, тие им ги одземаат просториите за учење! Пред не толку далечно време, токму СДС и тогашниот премиер Заев ветуваше нови простории за тетовските гимназијалци од македонска настава, а сега со скандалозна одлука и без никаква предходна консултација им одзема еден објект од стариот медицински училишен центар, и тоа на само неколку денови пред почетокот на новата учебна година.  Ова е срамно и понижувачки. Оваа одлука на Владата СДСМ – ДУИ е удар за тетовското образование
, изјави Ангел Карапетров – Претседател на ВМРО – ДПМНЕ ОК Тетово

Касами најави дека ќе има тужба пред Управен суд за оваа одлука.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста