СДСМ и ДУИ ветуваа здравствен систем по европски терк, по 5 години владеење здравството во клиничка смрт

Предизборно беше ветено нов клинички центар  и реновирање на стари капацитети, ветувано бесплатно лекување во болниците, нов систем за „мој термин“ Наместо современо здравство, јавноста беше сведок на сомнителни набавки, тендери, корупција, обиди за приватизација, вакцини само на хартија, недостаток на терапии, инсулини… И медицинскиот кадар требаше да има двојно зголемена плата и да добива награди, да има бесплатна едукација ама поради лошите услови дел од него веќе замина во странство.

Големите проекти за здравствената заштита како да пропаднаа во длабок бунар. Програмата за јавното здравство „пукна“ со скандалозната набавка со спецификации да на нејзе се пријави само една фирма за реагенси. Сомневањата што се крие зад оваа бизнис-зделка се зголемија откако излезе информацијата дека на тендерот конкурирала компанија стара само четири месеци. Тендерот тежок 35 милиони евра почна да го истражува и јавното обвинителство, ама резултатите од истрагата не излегоа на виделина. Министерот Венко Филипче  тврдеше дека нема ни „к“ од криминал.

Со темпо – тргни, па застани, без откажување власта кроеше планови за централизација на лабораториите, па и приватизација на брзата помош. Филипче во многу наврати ваквите идеи ги правдаше со појаснување дека со централизација ќе се заштедело, а граѓаните ќе имале бенефит.

– Сакаме да направиме заштеда таму каде што може. Ова е поле каде анализите покажаа дека може да се направи заштеда во сума од пет, шест, седум милиони евра затоа што имаме центри кои навистина нерационално ги трошат реагенсите, а тоа се на некој начин нерационално потрошени пари, рече во 2019-та тогашниот министер за здравство Венко Филипче.

Се искешираа и австралиски долари. И тоа скоро 80 илјади.

Ден Дончев заедно со Филипче  добија и кривична пријава од Вера Иванова, поради  поради злоупотреба на неговата положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра. Обвинителството истражуваше, резултат од истрагата нема и никаде го нема и Ден Дончев.

И кога мислевме дека здравствениот систем ни го достигна дното, се случи ковид пандемијата.  Државата беше и во лок даун, имаше и строги рестриктивни мерки, ама Македонија пак се најде на самиот врв по заразени и смртни случаи од ковид-19 во регионот и Европа. Со месеци ја држевме високата позиција на црната ковид статистика, умираа пациенти во болнички и домашни услови, пандемијата зема и млади човечки животи.    

„Политика кога ќе навлезе и кога доктори под наводници прифаќаат тоа, или не прифаќаат ама си молчат како што беше летоска, последиците се како што беа “, вели микробиологот Никола Пановски.

Не ретка беше сликата Македонија да нема доволно набавени тестови и  лекови за ковидот, а вакцините ги гледавме само на хартија додека соседството на големо си имунизираше. Најголемата вина за доцнењето на вакцини беше на адреса на Филипче, но и набавката од Кина не помина без скандал. Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави писма и документи во кој пишува дека Филипче се согласил можниот ризик од имунизацијата со вакцината „Синофарм“ да биде на наш грб. Весникот пишуваше дека кинеската компанија ја откажала зделката плашејќи се од измами, бидејќи според објавите на „Ла Верита“ екс-премиерот Заев одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг.

Апсолутно негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување. Затоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани, час поскоро. Јас а и министерот за здравство ја информираше јавноста дека после две недели чекање на активности на Кинеската амбасада, ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакти и дадовме нарачки преку приватни компании кои МНР не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен – изјави премиерот Зоран Заев.

Јавноста се уште се сеќава на пациентката од Струга која со часови чекаше лекарска нега легната во комбе на Брзата Помош, по што почина поради компликации од Ковид 19. И пациентка која се лекувала во штипската болница, почина молејќи за боца кислород. Од скандали, се памети оној каде што во болницата во Струга родилката Јилдиз Веаповска обелодени дека по породувањето од болницата си заминала без матка, јајник и бубрег. Но, за жал за ниту еден од овие случаи нема одговорност за лекарска грешка.

Но, не само матичните лекари, аларм дека македонското здравство тоне поради немањето стратегија и соодветна организација испратија и специјалистите од Охрид.

Ние овој стручен кадар го имаме веќе 10 години истиот,немаме примено некого.Ние истите луѓе сме со истата работа,до 9-ти месец имаме само 300 операци и преку 4.500 прегледи.Сега луѓето седат на чекање за операции, има пациенти кои не можат да чекаат како што се тумори на бешика, крварење,деца мали со акутен скротум,Тоа е состојба каде во момент се решава и за жал ние седиме на работа и само им кажуваме дека не работиме на луѓето“ – рече Ристо Медароски-спец.уролог.

Ево вечерва јас сум дежурен со пола екипа.Да треба да влезам со една најпроста операција,најсекојдневна како слепо црево, треба да собирам екипа.Од дома да викам болничар и сестра, извините тоа го нема никаде“ – вели Мирко Лекоски-спец.хирург.

Токму тоа и се случи. Лекари, сестри, медицински персонал – си ги спакуваа куферите и си заминаа од Македонија. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари тврдеа дека заминале 400 медицински лица,a за министерот Филипче бројката беше помала.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ – вели Зорица Љубичиќ, главна сестра на Инфективна клиника.

“Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи.” – рече Бешлиовска.

Во време на епидемија пациентите останаа и без инсулин и без хемотерапија.

“Овој инсулин “Ново микс 30”, тој го користат 80 отсто од дијабетичарите. Се јавив во две –три аптеки од таму ми велат, секој ден “очекуваме денеска”.Тоа го кажуваат седум дена веќе.Јас сум при крај со инсулинот па и позајмувам имаме ние солидарност помеѓу на дијабетичарите ама ни они немаат.Мене ми се троши брзо, јас три пати го користам.” – вели за Алфа, Лазар Станковски, дијабетичар.

И пред тоа имаше некои испади малце така ама се извлекоа со лековите како идеа лековите напред се подобри и подобри и поквалитетни и се добро беше ок. И сега моментално околу месец и половина немам лекови никакви не пијам. Па во тек е викаат, имаше тендер распишано преку клиника, рекоа дека е пуштен и со министерот за здравство бевме во контакт и ни рекоа дека за две, три недели ќе ги набават лековите и дека ќе биде се ок па сега ќе видиме, изјави пациентот Зоран Ристовски.

И по сите скандали и афери кои беа обелоденети за министерот Венко Филипче, тој не виде ниту една не беше доволна да ја напушти функцијата. Беше сменет, па го наследи Беким Сали. Здравството продолжи да се држи на тенка гранка. Избувна скандалот со болницата „Жан Митрев“, низата афери на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, штрајкови, протести… ЕКГ- сликата никако да покаже мрднување од права линија на јавното здравство.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста