Свирежите заштитен знак на власта: Дали и Ковачевски со свирежи ќе биде пречекан во Крушево за Илинден?

Пендаровски со свирежи беше пречекан на Галичка свадба

Дали државниот врв годинава ќе добие ваков пречек и во Крушево за втори август? По системот на ротација годинава ред му дојде таму да замине на премиерот Димитар Ковачевски. Освен во пандемиските години, кога присуството беше ограничено, откако СДСМ ја презеде власта, секоја година функционерите на Мечкин Камен ги пречекуваат со свирежи. Така беше и во 2018-та, кога системот на ротација во Крушево го однесе собранискиот спикер Талат Џафери.

Еден од најголемите македонски празници во својата резиденција Вила Водно, ќе го прослави македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој лани беше во Крушево, но од таму наместо обраќање пред граѓаните, испрати само обична видео порака.

Пендаровски пред само неколку дена беше исвиркан на Галичката свадба, што пак не му беше прв случај, тој претходно беше исвиркан и кога отиде да положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, на четврти февруари годинава.

Непријатен пречек од граѓаните на своја кожа пред на четврти мај пред две години при посетата на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас имаше и Радмила Шекеринска. Таа тогаш не сакаше да даде изјава за медиумите бидејќи не сакала да ги промовира навивачките групи Комити и Војводи, кои и ги обвини дека биле политички обоени.

Годинава за втори август по принципот на ротација во Пелинце ќе замине собранискиот спикер Талат Џафери.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста