Светлата во Црн Дрим не издржаа ниту една година

На празно фрлени 110.000 евра, светилките кои пред една година ги постави Рамиз Мерко вдолж целото корито на Дримот, подолг временски период не работат.Пропаднаа парите кои струшкиот градоначалник ги потроши за осветлување на реката, подводно поставајќи 300 светилки кои пак чинеа приближно 50.000 евра. Ова предизвика силни реакции,негодување кај стружани.

Не ни требаа да бидат светилките тука.Дримот и така е убав и без светилки. А за народните пари,секако се трошат тие,само рационално многу малку се користат ,не само Дримот, општо ; Еве гледате види ја коцката, таа не траеше ни една година,парите отидоа и кој ќе одговара сега,ни јас, ни ти ни никој; Многу пари се потрошија,џабе ; Ама што мислиш што функционира во оваа држава? Дали функционира нешто,ништо не функционира,оваа дражава распадната е и избришана е. Па не ни требаат нас светилки, ни кажуваат сега и што треба да јадеме,во какво тенџере да готвиме и треба светилки? Зошто ни се светилки,ние сме темни луѓе – коментираат граѓаните.

-Далеку од памет е да се потрошат 100.000 евра за кичерајско осветлување на Дримотво перид кога туристичка Струга има далеку поголеми нерешени инфратруктурни и комунални проблеми- жестоко реагираат советниците од ВМРО ДПМНЕ за овој хир на градоначалникот Мерко.

Струга е општина каде што никој не знае каде одат и на што  се трошат парите.Да се вложат толкави сретства во нешто што е навидум безначајно, е сулуда идеа.Сите се сеќаваме со каква помпа беше сето тоа најавено, меѓутоа кој е ефектот?Дали Струга виде некаква корист од тоа што беа потрошени толку пари.Ние како туристички град на име на осветлување никогаш нема да го повратиме тие сретстваизјави Никола Кукунеш, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ своевремено побараа Антикорупциската комисија и сите други надлежни институции да поведат постапка за да ги разгледаат сите околности на договор за осветлување на Дримот. Дека Мерко на своја рака го постави осветлувањето потрдија и од Хидробиолошкиот Институт,кажаа дека до нив воопшто не се обратиле од Општина Струга да побараат мислење дали ваквото освелување е штетно за живиот свет во реката Дрим.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста