Сајкоски: Граѓаните гледаат дека во сите општини водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, има новости, разлика, проекти, инвестиции, за една година е сработено повеќе отколку 4 години претходно

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“ истакна дека посветената работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ овозможи да може да се одржи еден ваков импозантен настан кој прв пат се случува во Македонија, и настан во којшто пред се тие се препознаени, знаејќи дека функцијата градоначалник игра силна улога во нивните средини и тие како такви се двигатели на процесите и носат развој за самите општини.

– Сите општини водени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани, чувствуваат дека во тие општини има новости, има разлика, проекти инвестиции. За година дена е реализирано онолку колку што не е реализирано за претходните 4 години. Тргнавме и сме на прав пат. Преку градоначалниците кои се претставници на ВМРО-ДПМНЕ, преку вас се добива слика за партијата во средините од каде доаѓате, потенцираше Сајкоски обраќајќи се до градоначалниците.

Тој посочи дека на улогата градоначалник една од најзначајните работи е да се направи увид во работата на претходната самоуправа и претходната администрација за се утврдат грешки, недостатоци за да се утврдат работи за како новата локална самоуправа не треба да ги прави.

– Затоа неопходно беше да се направи таков увид и се што ќе биде земено предвид да биде пренесено до надлежните институции. Тоа е ваша задача, обврска и ќе ви биде од голема помош за понатамошното работење како локална самоуправа, како администрација и вие како одговорни за раководење. Функцијата градоначалник носи предизвици, вие треба да бидете балансери, да градите кохезија во општините, треба да се има соработка со советот, малцинските заедници, и да правите проекти потребни за граѓаните од општината, истакна Сајкоски.

Сајкоски посочи дека радува фактот што сите проекти досега се значајни и носат придобивка на граѓаните и ја зголемуваат вредноста и го подобруваат квалитетот на живот и таков тренд треба да има понатака.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста