Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре почнува акција „Заедно со народот“

ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со акцијата „Заедно со народот“. Стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија, објави на прес-конференција денеска генералниот секретар на партијата Ѓоргија Сајкоски.

Тимови од партијата во прва фаза ќе остварат состаноци со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои се опозициски расположени и кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

– Власта ја уништува државата за свои лични потреби, тие крадат, а народот пати. Основните услуги на државата често се под знак прашалник, основните потреби на граѓаните често не се подмирени. Додека власта се богати, народот е се посиромашен. За да се промени болната реалност, и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените, неопходни се граѓаните, рече Сајкоски.

Генералниот секретар на партијата истакна дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги слушнат нивните проблеми и потреби.

– Изворно ќе ги собереме предлозите на граѓаните и ќе ги преточиме во политики и акции за идно делување. Да се заложиме сите заедно за развој на Македонија, рече Сајкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста