Самопрогласениот патриот Димитров исчезна – Причината е што договорот на историските комиси е од негова ера

Бунтовникот Никола Димитров исчезна. Екс-министерот кој остро ги критикуваше политиките на Бујар Османи околу францускиот предлог, откако стигна најава дека ќе бидат објавени договорите за историјата со Бугарија го снема. Веројатно затоа што речиси 90 проценти од тоа што е договорено во комисиите за цар Самоил, Светите Кирил и Методи, свети климент и свети наум е направено во време на неговото министерување. Тоа го тврдеше и Османи кога објави дека токму Димитров го потпишал првиот протокол со Бугарија за средниот век, а плус и се обврзал брзо да се најде решение и за Гоце Делчев и наместо Илинденско востание да се користи “Илинден Преображение – востание”.

Никола Димитров откако остана без фотеља, засилено почна да ја критикува надворешната политика која Македонија ја водела во однос на спорот со Бугарија после него. После Никола Димитров потоп, пишуваше Димитров, но сега го нема никаде да каже што е тоа што го немало порано а се правело во последните шест месеци.

-Мора да отвориме дебата како паднавме за шест месеци, од овде до овде. Како дојдовме до вакво ветување за Уставот веднаш на почетокот и од Влада, не од двотретинско Собрание. Како дојдовме до тоа да влезе и ни помалку ни повеќе во кластерот фудбаменти оваа тема и како дојдовме до тоа да се надеваме дека сега бугарскиот Парламент ќе го спаси процесот на проширување, изјави Димитров на 20-ти јуни.

Не изостанаа ниту обвинувањата од Османи дека кога Димитров си заминувал ги собрал документите од МНР за да не остави траги зад себе што потпишувала Македонија. Поранешниот дипломат беше оној кој дури порачуваше Македонија да си ги реафирмира позициите.

Сепак, факт е дека Димитров беше оној кој беше во преговарачкиот тим за договорот со Бугарија, но и оној кој го потпиша Преспанскиот договор, кој уште повеќе ги зголеми апетите на Бугарија, кои сега се проблем за евроинтеграциите на Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста