САД и ЕУ контра оптимизмот на Владата – „енергетската криза не е завршена“

Енергетската криза не е завршена . Додека Владата со оптимизам зборува дека кај нас кризата била претворена во можност, Вашингтон и Брисел предупредуваат дека ништо не  е завршено и дека доаѓа уште една зима.  Американската амбасадорка Ангела Агелер во рамки на МЕФ форумот  предупреди дека сеуште не се решени прашањата за да останат топли домовите.

Имавме напори секаде во Европа, кај американските партнери за да останат топли домовите во Македонија, но овие прашања се уште не се решени.Зимата повторно ќе се врати и апелирам до сите итно да дејствувате за диверзификација на енергетските ресурси, рече Агелер.

Дека претстои нова криза порачаа и од Европската Унија .Вложувањето во енергетска независност  е клучна за во иднина да не ни се случуваат слични сценарија.

Кризата не е готова и ќе има нова криза. Ве охрабруваме да продолжите и да ги завршите сите законски измени за енергетска ефикасност оваа година, не само за да осигураме безбедна иднина и заштита од следните кризи, туку и да можете да ги отворите новите фондови на ЕУ, рече заменик амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало .

Сепак нашата Влада очигледно е оптимистична по прашањето на енергетската криза. ДДВ-то кое првично беше намалено токму поради енергетската криза, од 1-ви јули се враќа на 18 отсто што ќе ни донесе сметки за струја со повисок данок . Додека министерот за економија вчера цврсто уверуваше дека ова нема да удри по џебот на граѓаните, вицепремиерот за економски прашања порача дека за новата цена ќе мора да се причекаат финалните пресметки.

-Не е зголемување, туку законското решение е такво, автоматски на 1 јули да се врати старата даночна стапка. Се прават последните анализи со Регулаторната комисија за енергетика. Слушнавте и вчера во изјавата дека на крај на денот не би сакале да товарот да падне врз крајниот корисник, но тоа се регулира не само со ставката на ДДВ туку и со другите параметри коишто се одлучувачки во креирање на финалната цена, рече Битиќи

Инаку,   Фокусот на МЕФ форумот е во обновливите извори на енергија . Македонија во наредните три години ќе треба да се реконструира дистрибутивната мрежа за електричната енергија произведена од фотоволтаици, за што се отпочнати процедурите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста