Русковска останува суспендирана – Советот на јавни обвинители ја одби нејзината жалба

Поради тоа што може да влијае на постапката отворена против нејзе, Советот на јавни обвинители, Вилма Русковска не ја врати на фунцијата како шефица на Организиран криминал и корупција. Едногласно обвинителите во Советот ја одбија жалбата за суспензијата која Русковска ја поднесе минатата недела. Претседателот Јолевски тврди – ги ценеле сите докази, ги разгледале сите факти, околности на случајот, по што ја донеле одлуката.

До нас можат да се обратат обвинителите во случај кога врз нив се врши притисок или бараат заштита. Советот ќе застане на страната на обвинителите, тоа е наша работа, но со конкретни укажувања и податоци. Медиумите не се местото каде што треба да се каже, треба нас да не известат “, рече Јолевски.

Се јави и Русковска. Не сака да ја коментира одлуката на Советот бидејќи вели немам право на тоа според закон.

„На ни еден предмет не сум влијаела. Можете да прашате било кој обвинител од обвинителството“, посочи Русковска.

Наводите во жалбата на Русковска се однесувале на дисциплинската постапка што беше покрената против неа, а не, на кривичната пријава поради која беше суспендирана, поради што Советот не можел да цени, тврди претседателот Јолевски. Наспроти ова, Русковска тврдеше, дека со жалбата ги побива сите наводи на државниот обвинител Јовески.

Русковска, доколку според закон го спровела претресот во финансовата  полиција, би се вратила на функџијата за 30 до 60 денови.

Советот е сигурен дека некој друг обвинител од Организиран криминал ќе продолжи да постапува по предметот за екс директорот на Финансиската полиција.  

Државниот обвинител Љубомир Јовески, на 16 август ја суспендираше Русковска додека трае постапка поради кривичната пријава од Арафат Муареми. Екс директорот на финасова, поднесе кривични пријави против Русковска и нејзините две колешки Трајчева и Јосифовска, за претресот на 18 јули во канцелариите на Управата. Истиот ден оставка од функцијата поднесе и Арафат Муареми.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста