Русковска: Ова не е суспензија за Вилма Русковска, туку суспензија на правдата!

Убедена дека не ја чека судбината на Катица Јанева, Русковска тврди дека ова не е суспензијата за неа туку за право и правдата. Поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за суспензијата која и ја врачи  државниот обвинител, ама не кажа поради што, туку дека само ги демантира наводите на Јовески. Дека претресот во Управата бил незаконски вели Русковска, Јовески не е надлежен да констатира.   

Во решението е наведено дека предметите треба да ги предадам на колегата кој е одреден за мој прв заменик. Истата се наоѓа на годишен одмор, така да и предметите не можев да ги распределам. Она не може да ги работи затоа што и против неа е поведена дисциплинска постапка. После ова мене што ми се случи, не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите“, изјави Русковска.

Русковска не сака да верува дека политичар или политика стои зад суспензијата и дисциплинската постапка, ама бара од новинарите тоа да го истражат. Себеси, пак не се гледа во ликот на Катица Јанева, која беше разрешена од функцијата во СЈО.

Оставката на првиот човек на финансова, ја нарече парада бидејќи му истекол директорскиот мандат. Експресна реакција стигна од Управата за финансиска полиција.

-Мандатот на директорот на Управата му е истечен на 15.02.2022 година кога истиот ден е назначен за в.д.
В.Д. нема трајност како што има мандат! Затоа тој и не поднесува оставка- затоа што нема мандат, туку се повлекува од В.Д.,
велат од Управата за финансиска полиција.

Ја демантираат Русковска дека тоа што го барале од Управата не им го доставиле во одредениот датум. Велат дека чекаат да биде назначен нов обвинител за предметот па да му ги достават сите барани документи од Управата.

Правнциите сметаат дека проблемот помеѓу обвинителката и екс-директорот тлее многу подолго време, а судирот ескалираше кога истражителите на Русковска минатиот месец ги тресеа неговите канцеларии. Тој поднесе претставки до Јовески, судскиот и советот на јавни обвинители. Јовески ги испрати своите обвинители во Организиран криминал и констратираа низа неправилности во процесот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста