Розеви премиерски очила: Ковачевски оптимист дека Македонија ќе станела членка на ЕУ до 2030-та година

Иако реалноста е друга, Ковачевски е оптимист. Отиде до Молдавија да им каже на европејците дека ја гледал Македонија во ЕУ до 2030-та година.

-Стратешка цел на Македонија е полноправното членство во ЕУ до 2030 година. Скрининг процесот треба да заврши многу скоро, и ни претстојат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјат, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Во Кишињев каде е придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи, Ковачевски учествува на вториот самит на Европската политичка заедница. Трите главни теми за кои ќе се разговара на самитот се безбедноста, енергијата и поврзаноста, а фактот што во главниот град на Молдавија ќе се соберат 47 европски земји, според француското претседателство, е силна политичка порака и до Москва.

На самитот ќе присуствуваат лидерите на 27 земји од Еевропската Унија и 20 други европски земји кои ќе разговраат за низа прашања, вклучително и војната во Украина. Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста