Родилката од Битола со нови сомнежи за причините за смртта на нејзиното новороденче, надлежните без конкретни одговори

Викторија Крстеска, родилката од Битола, чие бебе почина при породување преку социјалните мрежи си ја бара отпусната листа и правдата. Таа преку фб статус прашува зошто и по 12 дена откако е дома, се уште не е испишана, односно нема отпусно писмо, иако како што вели, тоа требало да биде направено веднаш откако ја напуштила болницата.Тоа според неа фрла дополнителна сенка врз нејзиниот случај и дава сомнеж дека нешто се крие.

„Ете јас после 12 дена се уште немам отпусно писмо. Се уште мојата историја ја нема. Као технички си испишана, а документ од мене нема??? Никаде? И нема мучканици? Или народски речено, ‘Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано?’“ – пишува на фб родилката од Битола Викторија Крстевска.

Крстеска се сомнева и во обдукцискиот наод кој според неа може да биде наместен, а додава и дека не очекува брзо да го добие.

„’О’ од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор ‘) .. иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Ќе се борам до крај!“, напиша Крстеска.

Од битолската болница за Алфа велат дека историјата на пацинетката е процесуирана и испишана.

Надлежните повторно без конкретен одговор за случајот.

Инаку, Крстеска и претходно се огласи по трагичниот настан, односно по породувањето. Таа ја сподели голготата низ која поминала – обвинувајќи за непрофесионалност, ривалство и дрско однесување на докторите во Клиничката болница Битола. 

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста