Решението е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовски затвори, порача Курти

Приштина ќе ги сноси последиците за потезите кои што се спротивни на советите на САД –  Вашингтон со силна осуда кон Приштина , нападите мора веднаш да престанат и да се пристапи кон дијалог .Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска во Белрад потсети на зборовите на државниот секретар на Америка Ентони Блинкен дека Приштина се апсолутно против потезите на Владата на Курти

– Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на Владата на Курти.

Оваа силна порака доаѓа неколку часа откако косовскиот премиер  од Братислава порача дека припадниците на специјалната полиција нема да се повлечат од општинските згради.  На дијалог повикаа и од  Европската Унија.  Посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина , Миролав Лајчак  за Дојче Веле порача дека причината за деескалацијата на состојбата ја гледа во недовербата меѓу двете заедници . Но, за Курти има само две решенија : или толпата да се повлече или ќе заврши во косовските затвори.  Тој одби да ги премести градоначалниците во други објекти или да работат од дома.

„Нашата полиција работи многу професионална работа, тие се обучени од САД и ЕУ, тие се западно ориентирани и добро ги познаваат човековите права и нема никакви прекршувања од нашата полиција. Им кажав дека ќе имав разбирање ако ова беше мирен протест, но не и за толпа што пука и вика ‘Убиј, убиј. Нема да ја предадеме нашата република на оваа фашистичка толпа’“, рече Курти,

Во меѓувреме србите во општините во северниот дел на Косово и денеска протестираат . Најмногу се во Звечан и Лепосавиќ. Во Звечан КФОР поставија жица по целата улица , а демонстрантите развија 250 метарско српско знаме.  За разлика од претходните денови, денеска граѓаните се поодалечени од припадниците на КФОР .

Како што  пренесуваат медиумите , тензиите се високи и поради незадоволството на локалните Срби, бидејќи според нив, наместо деескалација на ситуацијата, војниците на КФОР ги блокирале објектите на локалната самоуправа за да ги заштитат полициските специјалци кои се во нив од петокот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста