Република: Бугарски државјанин купил 2.500 домејни поврзани со македонската култура

Извесен бугарски државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домејни од македонската академска истражувачка мрежа- марнет, пишува порталот Република. Во нивниот текст се вели дека конретно се работело за закупени домејни со префикси mkc com.mk, org.mk, поврзани со македонските музеи и македонската култура. Еден од тие портали е музејтаракота.мк, кој има само фејсбук страна, но е и интернет страница. Порталот Република пишува дека вакви и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живеел во градот плевен во Бугарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста