Републиканските пратеници негодуваат за американски помош за Украина

Украинците сè уште се опоравуваат од нападите со беспилотни летала и ракетни напади врз Киев и други градови, кои уништија цивилни згради и инфраструктура.

„Нашите луѓе умираат секој ден. Секојдневно стоиме во одбрана на демократијата во целиот свет. Можете да видите што се случува секојдневно со гранатирање и уништување на нашите куќи и убивање на нашите луѓе. Не можете да ја намалите поддршката, само да ја зголемите“, вели Олена Шулиак, претседателка на украинската владејачка партија Слуга на народот.

Олена Шулиак, претседателка на украинската владејачка партија Слуга на народот, изјави за Гласот на Америка дека Украинците внимателно ја следат американската политика пред конгресните избори во ноември, кога демократите може да го загубат тенкото мнозинство во Конгресот. Ако победат републиканците, Претставничкиот дом може да се спротивстави на поголема помош за Киев.

Неделава, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, изјави дека со доаѓањето на рецесија, Американците нема да се во можност да напишат „бланко чек за Украина“.

Некои републикански пратеници велат дека САД треба повеќе да се фокусираат на заканата од кинеско воено засилување.

„Ние ќе продолжиме да работиме со Конгресот и ќе продолжиме со напорите да ја поддржуваме Украина се додека тоа е потребно. Ќе го одржиме тоа ветување што им го даваме на храбрите Украинци кои секојдневно се борат за својата слобода и нивната демократија“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Набљудувачите велат дека со зголемените тенденции за изолација во Републиканската партија, постои загриженост дека помошта за Украина ќе опадне, особено за хуманитарните и економските потреби.

Сепак, постои помала загриженост за американската безбедносна помош.

„Ако мислите за интересите на десницата воопшто да го поддржат воено индустрискиот комплекс и индустријата во САД, каква е очајната потреба од Европејците во моментов во Украина и насекаде низ источното крило на НАТО? Тоа е потребата за вооружени системи, од муниција до многу софистицирани системи за оружје како ХИМАРС, беспилотни летала. А, буџетите за одбрана се зголемуваат толку значително во Европа што зголемувањето на трошоците за одбрана го надминува она што емоментално е достапно“, вели Кристин Берзина од Германскиот маршалов фонд во Вашингтон.

САД досега одобриле повеќе од 60 милијарди долари помош за Украина, од кои  повеќе од 17 милијарди долари повразана со безбедноста. Во мај, Сенатот гласаше за повеќе од 40 милијарди долари нова воена и хуманитарна помош, додека некои републиканци гласаа против.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста