Расте довербата за опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ со речиси двојна предност пред СДСМ, Мицкоски најпопуларен политичар

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред другите политички сили во државата. Ако утре се одржат парламентарни избори, опозицијата ќе однесе убедлива победа. Според анкетата која за МДК.МК ја спроведе Маркет Вижн, партијата на Мицкоски води за речиси 10 проценти пред СДСМ.

За најголемата опозициска сила би гласале 21,8 проценти од граѓаните, додека за партијата на Димитар Ковачевски 12,4 проценти, 8,2 својата доверба му ја даваат на ДУИ, 4,5 на Левица, 3,7 за Алијанса, Беса има рејтинг 2,3 проценти. Сите други партии се под еден процент. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е најпопуларен меѓу политичарите, неговиот рејтинг е 11 проценти, додека на премиерот Ковачевски му 8,2 отсто. Трет е Али Ахмети со 5,1 , Димитар Апасиев пак ужива доверба кај четири проценти од граѓаните.

Граѓаните најголема доверба во опозицијата имаат и кога е во прашање економската политика. 12,9 проценти сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма за државата. 9,9 се на ставот дека тоа е СДСМ, 3,4 Левица, додека пак 3,1 сметаат дека тоа е ДУИ.

Партијата на Мицкоски е во предност и кога е во прашање надворешната политика. 14,8 проценти сметаат дека имаат капацитет добро да го водат овој сегмент, 13 проценти сметаат дека тоа е СДСМ,  4,7 Левица, 4,1 ДУИ.

54,2 проценти од граѓаните сметаат дека изборите треба да се одржат во редовниот рок во 2024-та година, додека пак 33,5 велат дека се потребни предвремени избори. А доколку изборите се одржат утре 61,3 проценти од граѓаните би излегле да гласаат, додека 21,4 одговориле дека нема да го сторат тоа.

Кога ќе се погледнат овие бројки станува јасно зошто власта во моментов не сака да слушне за избори, кои пак ги бара опозицијата. Мицкоски дури и порача дека е подготвен да се откаже до техничка Влада на 100 дена до изборите, со цел истите да бидат во мај годинава. Лидерот на опозицијата испрати и порака до Ковачевски и СДСМ, дека колку повеќе го одложуваат изборно соочување толку само нивниот рејтинг ќе паѓа се повеќе и повеќе.

Оваа анкета на била спроведена телефонски од шести до 16-ти февруари, на примерок од 1.200 испитаници Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста