Разрешена директорката на градинката „Детска радост“

Дали министерката Јованка Тренчевска се обидува да го прикрие евентуалниот криминал на поранешната директорка на градинка во општина Гази Баба, Анета Петровска. Градоначалникот Стефковски вели дека Министерството за труд и социјала се обидува да ги заташка работите и го спори разрешувањето на поранешната директорка, а со тоа се меша во надлежностите на општината. Тој вели дека за одлуката за разрешувања на Петровска била за да не се дозволи понатамошно незаконско работење. Таа е под сомение дека прекришила неколку закони.

  • „Направено е прекрѓување од ллен 40 од законот за јавни набавки. Извршени се набавки без да биде спроведена соодветна постапка. Направени се трошоци за репрезентација, сите овие средства се трошени за угостителски услуги, а ако се видат фискални сметки, ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршувањето на работното време и во сметките е наведено дека се нарачувало и храна за носење. Со извршениот увид за користењето на патничкиот автомобил во сопственост на градинката за службени дејствија е констатирано дека истиот се користел и за приватни цели“. – Вели градоначалникот Стефковски.

Oд Министерството за труд и социјална политика, тврдат дека не стамнува збор за мешање во работата на општината, туку оти постапувале по закон.

  • „Изјавата на градоначалникот на Општина Гази Баба, дека МТСП ги преминало своите законски надлежности и неаргументирано навлегло во постапки и процеси под јурисдикција на локалната самоуправа, се паушално и неаргументирано наведени, напротив од страна на министерството постапено е во согласно со Законот за заштита на децата и притоа е посочено на непочитување на постапката при разрешување на директорката на детска градинка.“ – Велат од министерството за труд и социјална политика.

Поранешната директорка Анета Петровска, која беше разрешена пред околу една година, за да го спори негативниот ревизорски извештај од општината, ангажирала и приватна лиценцирана ревозиорска куќа, која исто така дала неповлна оценка за нејзината работа.

Непосредно по разрешувањето, Петровска тврдеше дека е разрешена поради политички причини, но, градоначалникот Стефковски ја демантира, вели дека ревизијата ја спровеле поради бројни претставки од родители и вработени во градинката, кои посочувале на незаконско работење.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста