Разговорите Белград-Приштина во Охрид покажаа дека преговарачката рамка може да се менува

Преговарачката рамка не е врежана во камен, бар тоа го покажува примерот со разговорите со Србија и Косово, што е споритвно на она што го тврдеше македонската власт, кога народот и опозицијата бараат промена на рамката кој според нив не е во полза на македонскиот народ. Поранешниот министер за надворешни работи, а сегашен актуелен пратеник, Милошоски за Алфа вели дека тоа што власта го тврдела, дефакто пред неколку дена е демантирано во Охрид.

  • Мислам дека ставот на Владата кога пред усвојувањето на преговарачката рамка, голем дел од општеството, не само опозицијата, бараа преговарачката рамка да биде подобра и да не е обременета со билатерални прашања, Владата тврдеше дека тоа е не можно да се случи, тоа беше демантирано во Охрид на српско-косовските разговори и се гледа кога има сериозна дипломатија и кога се знае вистинската цел што сака да ја постигне една држава, се разбира во соработка со самата ЕУ и со другите актери, не е невозможно да има изменување на преговарачката рамка која за Србија била утврдена пред 10 години бидејќи толку долго и преговараат потенцира Милошоски.

Зошто власта не одиграла во полза на барањата на граѓаните каде се бараше менување на рамката односно да не се внесуваат историски и билатерални спорови во истата, Милиошоски смета дека три фактори прiдонесуваат за таквите чекори на владата. Првиот фактор зошто власта е инертна e што во моментов во најголем дел е во рацете на Артан Груби и Бујар Османи отколку што е раководена од номиналната владејачка партија, СДСМ.

  • Вториот фактор е што, она што го спомена еднаш поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, тој за сегашниот премиер Ковачевски кажа дека забележува дека кај него недостасува капацитет за надворешно-политички односи и сметам дека има право дека сегашниот премиер Ковачевски нема чувство за реалната важност за надворешно-политичките односи и за енергијата што треба да биде вложена во истите за да се заштитат државните интереси. Третиот фактор е што власта преговара не во интерес на државата и граѓаните на долгорочен план во идните 5, 10 , 15 години туку преговараат краткорочно што поединци од власта би добиле за возврат како нивен материјален или кариерен бенефит во следните 5,6,10 месеци, вели Милошоски.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ бараше измени на преговарачката рамка кои не задираат во историјата и националниот идентитет на македонскиот народ, но власта упорно тврдеше дека рамката не може да се промени, и дека токму оваа рамка гарантирала утврден идентитет и историја на Македонија.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста