Развозувањето на министрите од ДУИ по приватни собиранки е неетички и незаконски

Разшетувањето на министрите од ДУИ по настани, промоции и приватни собиранки е неетички, но и незаконски сметаат дел од познавачите. На линија со експертите е и Транспаренси интернешнал кои нотирале дека државните автомобили се користат за приватни цели, и тоа не еднаш туку години наназад. Последен пример е настанот кој се одржуваше викендот по покровирелство на ДУИ, а министрите од истата партија си дојдоа со службени возила. Тасева за трошењето на државните ресурси за приватни потреби вели дека треба да се забрани.

Нашиот став секогаш бил дека тоа треба да се забрани. Треба да се раздвои приватното и службеното, службените возила не треба да се користат за приватни цели или надвор од работно време и уште помалку треба да ги возат самите функционери, вели Слаѓана Тасева – Транспаренси Интернешнал.

Дека парите на народот се трошат за да може функционерите да уживаат привилегии е нотирано неколку пати, особено за челниците на ДУИ, но сепак тоа не ги спречува интегративците да си развозуваат и да користат обезбедување без разлика дали одат на настан како претставници на државни функции или како партиски функционери. Така и викендов првиот вицепремиер Артан Груби, министрот за економија, Крешник Бектеши, за финансии – Фатмир Бесими, за образование- Јетон Шаќири ги искористија службените коли за да одат на промоција на книга каде главен говорник беше нивниот партиски шеф што според упатствата за користење на службено возило е сосема спротивно.

Антикорпициска неколку пати реагираше за злоупотреба на службените добра за лични цели, реагираат и кога Османи ги злоупотребувал службените коли и дека во работно време водел партиска агенда за избори од партискиот штраб во Скопје, ама реперкусии немаше, само опомени. Идентично беше и со првиот вицепремиер Груби кој  ма состанок на ДУИ во Мала Речица допатувал со службено возило. А и претседателот на собранието Џафери за партиски потреби во изборна кампања има користено службени возила.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста