Радев ја свика првата седница на новиот парламентарен состав во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев за в среда (12 април 2023) во 10 часот ја свика првата седница на новото 49. Народно собрание на Бугарија. По изборите на 2 април и соопштувањето на конечните резултати, Радев денеска го потпиша указот за свикување на инаугуративната седница.
Во 49. Народно собрание, коалицијата предводена од поранешниот долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, ќе има 69 пратенички мандати, што е пет места повеќе од коалицијата „Промените продолжуваат – демократска Бугарија“, која ќе има вкупно 64 пратеници. Партијата „Препород“ ќе биде застапена со 37 пратеници, „Движење за права и слободи“ со 36 мандати, додека „БСП за Бугарија“ ќе иам 23 пратеници, а партијата „Има таков народ“ – 11.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста