Радев „агент на Путин“- демонстрации во Софија против бугарскиот претседател

Во Софија не се смируваат страстите. По инцидентите во бугарскиот парламент јавноста стана сведок и на протести против претседателот Румен Радев за кого се тврди дека бил агент на Владимир Путин. Стиотици демонстрантите синоќа во Софија вееја знамиња на Бугарија, ЕУ и Нато барајќи Бугарија да продолжи по својот прозападен пат. Многумина од присутните на протестот носеа плакати со натписи „Радев, слободно можеш да одиш на Исток“, „Радев, агентот на Путин“, „Радев ја предаде европска Бугарија“ и други.

Протестот е втор во оваа недела и се одржува под мотото „Бугарија е парламентарна Република и полноправна членка на ЕУ и Нато!“. На почетокот на неделата на истото место се собраа илјадници луѓе барајќи импичмент за Радев. Бугарскиот претседател денеска само кусо коментираше дека секој имал право на протести.

Организаторите од иницијативата „Правда за сите“ повикаа на функционален парламент, редовна Влада и реформи во судството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста