Работници од Непал се нудат на македонскиот текстилен сектор

Менаџментот на светиниколската конфекција „Мода„ прави анализи дали недостатокот со работна рака, може да го реши со работници од Азија. Од Агенција која посредува за увоз на работници од странство , веќе им понудиле за вработување на текстилни работници од Непал. Испразнетите работни места речиси во сите индустриски гранки, може да предизвикат сериозен пад на економијата.

  • „Ние имаме реална потреба од работници, а од каде немора да биде Непал. Може и од друго место, од секаде каде ќе има интерес .. и ако тоа не го направиме и не ги пополниме тие работни места, ние ќе имаме голем пад на економијата. Тоа значи помалку буџет, ДДВ, пари за администрација, образование, здравство„ изјави Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на работодавачи.

Според Димитров ваквата состојба наложува да се размислува во правец на либерализирње на увозот на стрaнци, односно целосно исфрлање на квотите за увезени работници, предвидени со закон. Со ова работниците кои и сега доаѓаат од странство, нема да работат на црно..

  • „Во ресенско не можат да се оберат јаболките, ако не дојдат работници од Албанија. Значи ние имаме и тие што доаѓаат се на црно. Место званично да ги земеме и преку Агенцијата се плаќаат даноци и придонеси,тие работат на црно..Наши компании во градежништвото одт во Турција регистрираат фирма, вработуват луѓе и ги донесуват како турска фирма да работат овде„ изјави Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на работодавачи.

За потребата на увоз на работници од Бангaлдеш, Виетнам или Пакистан, виновни се дел од работодавачите. Платите не се зголемуваа, колективно се отпуштаа работниците, што беше причина многу од нив да заминат во странство остро реагират од Гласен текстилец.

Државата на годишно ниво губи по 10.000работници. Сериозен недостаток од работници има во градежништвото , како и во угостителскиот и хотелиерскиот сектор, каде со стартот на сезоната се очекува многу наши сограѓани да заминат на работа во Хрватска.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста