Работникот не може да преживее, владата непродуктивно троши – Најавуваме масовни штрајкови

Масовни штрајкови и протести најавува Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, ако итно не заседава економско-социјалниот совет и Владата не најде решенија за сиромаштијата во која работникот живее, додека како што велат, истовремено непродуктивно троши.

– „Крајно алармантно е она што ни го јавуваат работниците. Веќе не можат да преживеат. Поради тоа, јавно бараме да се оддржи економско-социјалниот совет. Буквално веќе не можеме да влеземе во продавница. Веќе не е издржливо.“ – Истакна Маријан Ристески – Претседател на конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

Сметаат дека власта ги изиграла и продолжува да ги манипулира работниците, како и дека државата сама не си ги почитува законите, а очекува другите да го прават тоа.

– „Не дадоа ни 2088. Рекоа дека ќе ја усогласат платата со минималната плата. Имало време 6 месеци. Веќе во септември поминуваат тие 6 месеци. Владата прави па некои безврска трошоци. Непродуктивни. Значи пари има во државата. Бараме средба, во спротивно најавуваме масовни протести и демонстрации.“ – Додаде Ристески.

Револотот на работниците е е широко распостранет низ институциите. Како медицински и образовни кадри, така и полициски структури се наоѓаат во очајна и без-излезна состојба, па спасот го бараат надвор од државата.

– „Огромен е бројот на полициски службеници на кои им е одамна пукнат филмот. Само последниот месец и од мај ако ги земеме процентуално бројките, некаде околу 300 полициски службеници се со активно барање за заминување од државата. Ова изгледа како што е тргнато, црно ни се пишува. И во безбедносниот сектор во државата и во останатите сфери и останатите сектори во Македонија.“ – Вели Гоце Делчев Тодев – Претседател на независен синдикат на полицијата.

Медицинскиот персонал ни се отселува во Германија, здравството ни е пред колапс затоа што работниците не се воопшто ценети, сметаат од здравствениот синдикат.

– „Има најави од медицинскиот персонал, медицински сестри, кои имаат најавено дека ќе заминат за Германија. Тоа е незадоволство од платата. Односот на работодавецот или раководителот спрема вработените. Начинот на кој што се работи во здравството исто не е во ред.“ – Вели Лазо Костоски – Претседател на независен синдикат геријатрија.

Се отселуваат и просветните работници.

– „Таа бројка се движи околу 5% согласно нашата евиденција што ја имаме како синдикат. Од 30.000 вработени во секторот образвание, сметаме е дека 5% е навистина бисока бројка.“ – Вели Томислав Гиевски – Претседател на независен синдикат за образование и наука.

Во периодот што следи синдикалците ќе донесат одлука за следните чекори, а ги повикаа сите останати синдикати да се обединат во борбата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста