Дефект на главната водоводна линија во Штип

Дефект на главната водоводна линија еден денеска ги затекна штипјани .. Брзата реакција на надлежните доведе до брза санација. Водоснабдувањето во градот постепено се норамлизира , а екипте на терен работеле повеќе од 5 часа.

Голем дефект на Линија1 без вода ги остави жителите на повисоките населби во Штип. Причина е пукната цефка и изместување на сигурносен вентил. Екипи на јавното претпријатие веќе се на трен. За да се намалат последиците, односно помалку граѓани денес да останат без вода  направено е премостување на водоводните линии..

  • “Направено е премостување на одредени водоводните линии, се со цел помалку граѓани денес да бидат без вода. Во консултација со службите на Исар се претпоставува дека санацијата на дефењктот ќе трае од 6 до 8 часа“-изјави Трајан Коцев, директор на ЈП “Исар Штип“.

За да им се излезе во пресрет на граѓаните денес на неколку пунктови со цистерни на Противпожарната служба се обезбедува техничка вода зиење

  • “Добро е што донесоа вода со цистерни, инаку ќе требаше и вода да купуваме“-велат граѓаните.

 Штип подолг период се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Според локалната власт единствено решение е пренамена на средствата од самопридонесот за санација на старата мрежа, но и изградба на Линија 2, проект што треба да се реализира со парите од ТАВ . 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста