Професионалните возачи на протест: „Отворен Балкан“ не им ги решава проблемите на царинските терминали

Професионалните возачи кон крајот на месецов ќе блокираат патишта во знак на револт зашто државата нема слух да ги реши проблемите на царинските терминали. Проблемите на возачите само се зголемуваат оти се приморани да чекаат со часови на граница, при што се создаваат километарски колони. Превозниците реагираат до власта дека ништо не прави за да се среди состојбата.

Ова се само дел од аматерските видеа од километарски колони со камиони на граничните премини за влез и излез од Македонија. Транспортерите се жалат дека чекаат од 12 па до 24 часа, зашто во државава велат ништо не функционира. Во знак на револт од глувиот однос од власта, професионалните возачи кон крајот на месецов ќе блокираат патишта зашто никој од надлените немал слух да ги реши проблемите на царинските терминали.

  • Ќе излеземе на протест на 22 август, зашто ова што се случува кај нас нее добро. Проблемот е веќе со години, а ние возачите сме приморани да трпиме и да чекаме со часови. „Отворен Балкан“ значи дека таа роба која потекнува од соседната држава нема да има потреба да биде царинета ние се уште тоа го трпиме. Исто така големиот застој се состои бидејќи само една лента која е овозможена за возачите на камиони тука се и празни и полни камиони со роба, вели за Алфа Марјан Стефкоски, Претседателот на независен Синдикат на професионални возачи на транспорт и врски на Македонија.

За застоите на Граничните премини Синдикатот реагира веќе подолг период, но немаат никаков одговор од Министерството за транспорт и врски до кое испратиле и писмен допис.

И додека властите смируваат дека се било под контрола, возачите се приморани да чекаат со часови на граница. Превозниците реагираат дека нема никаква корист од иницијативата „Отворен Балкан“ потпишана помеѓу Македонија, Србија и Албанија која беше најавена како една економија без граници – 100% слободна трговија.

Наспроти реакциите од граѓаните и превозниците дека „Отворен Балкан“ се повеќе ги затвора границите, од власта уверуваат дека иницијативата ќе придонесе за побрз проток на стоки и патници, но тоа не значи дека ќе има безграничен систем. Според Владата, гужвите биле поради годишните одмори, но се правеле максимални напори за обезбедување непречен проток.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста