Протест на приватните стоматолози пред Министерството за здравство

Приватните стоматолози излегоа на протест пред Министерството за здравство за да си ги кажат проблемите со кои што се соочуваат. Бараат да се промени начинот на кој се даваат лиценци и да се укинат матичните стоматолози. Бараат и надоместокот од фондот за здравство да биде фиксен, и да не зависи од бројот на запишани пациенти. Стоматолозите предупредија дека се на работ на банкрот а многумина од нив ставиле клуч на врата и останале на улица.

Ние бараме фиксен финансиски надоместок кој што ќе ги покрива бруто платите на стоматолошкиот тим, тоа е доктор на дентална медицина и стоматолошка сестра, режиските трошкови и амортизациските трошкови. Тој фиксен надоместок треба да биде по стоматолошки тим, а не по број на запишани пациенти изјави Д-р: Жарко Ѓорѓиев – претседател на здружението

Опаѓањето на животниот стандард, покачувањето на цените на стоматолошката опрема и на материјалите, дадоа свој придонес за уште поголемо тенчење на буџетот за финансирањето на приватните стоматолошки ординации.  Докторите бараат одговор од Министерството за здравство, да ги слушнат нивните барања, во спротивно ќе бараат излез од кризата во странство.

Како доктор по стоматологија со 35 години работно искуство, фондот за здравство месечно ми пушта 38.000 денари на мојот тим кај што сум ја доктор по стоматологија со забен асистент и со сите трошкови. Мојата нето плата е 18.000 денари. Затоа од господинот Беким Сали бараме да ни излегне во пресрет, да ни помогне во овие барања што ги имаме, изјави Д-р: Зоран Трајков

Ова не е прв протест на здружението на приватни стоматолози, тие имаа и онлајн протест за време на пандемијата но од тогаш нема одговор од Министерот за здравство за нивните барања.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста