Протест на оризо производителите со блокада на патот Штип – Кочани

Незадоволни од откупната цена,но и игнорантниот однос на надлежните институции оризопроизводителите повторно го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани. Бараат минимална откупна цена од 40денари, за разлика од сегашната што се движи од 22 до 25 денари.

– “Ги известиме сите да дојдати да го слушнат гласот на народот, на земјоделците, на оризопроизводителите. Еве, видете! Пред седум дена уредно ги поканивме и премиерот и министерот, но од нив нема ни глас “ – изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор.

– “На последната средба со министерот ни беше ветено дека ќе исплатат дел од субвенциите за да може да ја затвориме жетвата. Се уште нема ништо од тоа! Имам информација дека тие 3 денари ги ограничуват со некаков датум и тоа знмачи дека нема да бидат ни исплатени“ – изјави Тони Максимов-иницијативен одбор.

Гневот кај земјоделците дополнително пораснба откако власта најави дека нивите иако приватни доколку не се работат ќе се дадат на закупци, но и на новиот модел за субвенционирање со кој се предвидува задолжително осигурување.

– “Субвенции ќе земам 2500евра , а за осигурување ќе треба да дадат 3000 евра. Вака не бива! Сакат да ни ги земат и субвенциите! Од една страна ќе дадат, а од друга ќе ни земат“ – изјави Венцо Стојанов-оризопроизводител

– “Уставот на Р.Македонија децидно го дефинира правото на приватна сопственост и никој нема право под никакви услови да го издава пчод закуп приватното земјиште. Се носат толку апсурдни закони и тие мерки се апсолутно неодржливи“ – Ѓорги Каракашев.

Од Самостојниот синдикат на земјоделци посочуваат дека во моментот цената на светската берза се движи по 3000евра за тон, за разлика кај нас каде цената е за три пати пониска.

– “Тоа само по себе кажува каков третман имат земјоделците од страна и на откупувачите и на власта. Инертниот однос од страна на Владата во вакви услови е недопустлив“ – изјави Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на земјоделци.

Оризопроизводителите добија поддржка од други земјоделски здруженија , а до крајот на годината најавуваат генерален штрајк. Денешниот протест беше со силно полициско обезбедување. Добар дел од оризопроизводителите, како што објаснуваат од Иницијативниот одбор, не се осудиле да излезат на блокадите бидејќи биле уценувани дека оризот ќе им остане во амберите, неоткупен.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста