Протест на оризопроизводителите – ќе останеме ли и без домашен ориз?

Оризопроизводите од кочанско, карбинско, виничко и пробиштипско го кренаа својот глас. Со трактори на четири пункта го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани. Бараат интервентен откуп, минимална откупна цена од 40денари и оризот да биде прогласен за стратешка култура. ..

  „Ние бараме да дојде премиерот и министерот, а цената дад се движи од 40 до 45денари за оризова арпа. Доколку не дојдат механизацијата и народот ќе останат на патот . Ќе ги оставиме тракторите, ќе го оставиме оризот. Нема да жнееме ако треба„-изјави Здравко арсов, оризопроизводител.

  „Бараме на првата седница што ќе се одржи во Собранието ова барање да се ставе на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Минималната цена да биде 40денари по килограм арпа и сега пред самата жетва Владата да излезе со  интервентен откуп „-изјави Тони Максимов, оризопроизводител.

Неизвесен е стартот на новата жетва, категорични се оризопроивзодителите кои денес излегоа на блокада. Пари за нафта за да ги наполнат комбајните, немат.

  „Тешко дека некој може да замисли добра жетва . БЕз финансиски средства ние не можеме да планираме жетва исто како и што тешко планираме сеидба„ изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител.

 Оризопроизводителите тврдат дека се доведени до работ на егзистенција. Енормното покачување на нафтата и ѓубривата драстично ја зголеми производната  која сега за 10денари е поголема од откупната цена.

  „Пред пет години иста беше цената. Тогаш ѓубрето беше 500денари вреќичка, сега е 1500. Нафтата беше 50, сега е 100. Цело време се откупува до 25денари во зависност од сортата „-изјави Аце Гацов,оризопроизводител

„Немаме откуп. Цените се ниски, не можеме да си ги покриеме трошоците„-изјави Горан Ѓоргиев, оризопроизводител

Орризопроизводителите не отстапуваат од своите барања. Велат тракторите и утре ќе останат на патиштата , иако  од полицијата како што велат им се врши притисок истите да бидат дислоцирани. На регионалниот пат Штип-Кочани беше блокирана само едната коловозна лента. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста