Протест на здравствените работници и во Штип, и други градови низ Македонија

  Здравствените работници од истокот го кренаа гласот. Половина час во тек на паузата излегоа пред институциите во кои работат за да го искажат своето незадоволство за доцнењето на платите, но и да бараат итно потпишување на Анексот на Колективниот договор за линеарното покачување во висина од 2.700 денари што им било ветено .

  „Овој протест е организиран во врска со непокачувањето на платите што беше договоремо. Министерот овој документ требаше да го потпише пред месец дена. Сакаме да го изразиме нашето незадоволствои што побргу да се потпишеАнекс договорот за покачување на платитерече Влатко Голомеов, претседател на синдикалната организација при Клиничка болницаШтип.

 Освен зголемување на платите за кој здравствените работници тврдат дека се изедначени со минималецот, бараат К-15, но и реагираат на големиот одлив на медицински персонал со што значително им се отежнува работата.

   „Во глобала секаде е истиот проблем-недостиг од кадар, така што обемот на работата секаде е зголеменизјави Викторија Ефтимова, претседател на синдикалната организација при Здравствен дом Штип

    Недостатокот на високостручен кадар кои не може да се надополни преку ноќ, на тест го стави работењето на единствената Клиничка болница во Штип.  Само во изминатите две и пол години од болницата си заминаа  над 70 здравствени работници, а за  истиот тој период нема нови вработувања. Во последните три години поради лошите услови за работа и ниските плати 2200 лекари ја имат напуштено државата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста