Протест на вработните во УЈП, бараат зголемување на платите за 30 проценти

Вработените во работните единици на Управата за јавни приходи во Скопје и во регионалните канцеларии денеска излегоа на протест и побараа зголемување на платите за 30 проценти.

Велат дека нивните лични доходи не се зголемени изминативе 14 години и дека тоа е во спротивност со законот за плати. Протестот траеше час и половина, од 10 до 11:30 часот, и се одржа пред работните простории на УЈП во Скопје, Тетово и другите регионални канцеларии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста