Протести на лозарите – стари цени, нови маки

Не бараме преку леб погача туку да се исплати трудот на земјоделецот за да опстане лозарството –  Лозарите од Неготино излегоа на предупредувачки протест поради неиспочитуваниот договор со винариите и Министерството за земјоделство за производствената цена на грозјето. Лозарите посочуваат дека имало договорено начелна цена за откупните сорти вранец и смедеревка, но дека  цената е иста како лани. Оваа ситуација доведува над 26 илјади лозари во Македонија  да работат со загуба.

Како илустрација да ви кажам еве ја смедеревката колку чини колку едно лижавче а ова шише вода е два килограма на грозје. Значи лозарите се револтирани бидејќи тие учествуваат во доходот на државата, каде со ДДВ, каде со извоз на грозје и  вино. Ние сакаме нашата производствена цена,  нашиот труд на овој земјоделец на овој испатен народ да се исплати, ние не сакаме преку леб погача.  Сакаме повратни средства за земјоделецот да остане, лозарството е во изумирање поради откупната цена.

Производната цена на грозјето не чини 14 – 15 денари, а ланската цена на грозјето и сега оваа година од винариите другите винарии ќе откупуваат пониска од производната  најавуваат цена 12 денари да биде вранецот, 10 денари да биде смедеревката и за тоа излеговме на протест, велат лозарите.

И не само што се игра со цената, лозарите се револтирани и поради тоа што не им се сеуште не им се исплатени субвенциите за зелена нафта, како и штетите од ланската суша.  Лозарите од Неготинско со денешниот протест предупредуваат дека доколку за неколку дена не бидат повикани од надлежните на разговор ќе мора да се радикализираат и во исто време низ цела Македонија да блокираат улици. Поддршка на денешниот протест дадоа и оризопроизводителите кои посочија дека целото земјоделство е на раб на опстанок и под итно мора да се преземе нешто .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста