Протестите на приватните превозници се селат пред Град Скопје

Деблокада на центарот на Скопје, блокада на „ Илинденска “. Приватните превозници во 10:00 часот изутрина ги селат автобусите од раскрсницата кај „ Мавровка “ и раскрсницата кај „ Црвен Крст “  на Булеварот Илинден на потегот од „ Фонтана“ до „ Мида “ .  Ова било одлучено на состанокот на координативното тело на приватните превозници, причината е тоа што нивниот револт е насочен кон градоначалничката, а не кон граѓаните.

Бесот се` повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбата,  а тоа е управата на Град Скопје. Се стеснува кругот и на виделина излегува кој е крив за оваа ситуација и затоа е можно фокусот на протестите и блокадите да биде само пред Град Скопје, рече Кемал Муриќ, раководител на секторот сообраќај и контола во „Слобода превоз“

Приватните превозници остануваат на ставот дека никој нема да се пријави на повикот за индивидуално пријавување од Град Скопје .  Тие уште еднаш порачаа да им се исплати долгот во висина од 1,5 милиони евра кој градот го има кон нив,.

Инаку, изминатите денови метрополата е слика на сообраќаен хаос и нервозни граѓани откако околу 200 автобуси се паркираа кај крстосниците кај „ Мавровка“. На булевар „ Илинденска“ , на потег меѓу  Владата и Град Скопје и кај Црвен крст во знак на револт за неисплатениот долг. Од друга  страна градоначалничката Арсовска  никаде ја нема и не попушта. Таа кажа дека нема да го плати долгот на приватниците и им порача да ја тужат.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста