Пропаганда во Бугарија – На националната телевизија за роденденот на Делчев ќе има документарец за „бугарскиот револуционер“

151- годишнина од раѓањето на „бугарскиот револуционер Гоце Делчев“ – вака Бугарската национална телевизија го најавува 4-ти февруари. Повеќе од две години во македонскиот етер, БНТ 4 продолжува да емитува програма со која шири „пропаганда“. Емисии и документарци во кои видни македонски револуционери се побугаруваат.

За во сабота бугарската телевизија најавува емисија за Делчев под наслов „Уште ли талкаш Делчев војводо“, а во описот македонскиот револуционер е опишан како бугарски.

Освен тоа на, БНТ4 може да се забележат и обиди за преиначување на македонската историја, па се до препевање на македонските песни и прекрстување на македонските градови и нивно претставување како бугарски.

И сето ова непречено се емитува во Македонија.

Пред една година телевизија Алфа бараше одговори од македонската влада дали и кога ќе побара реципроцитет како што и договорија со бугарскиот државен врв. Зошто кога БНТ 4 се емитува во Македонија, македонската телевизија бугарските граѓани немаат можност да ја гледаат. Откако и првиот македонски канал и Ангецијата за аудио и аудио-визуелни услуги се иземаа дека немаат надлежности, премиерот ветуваше дека ќе провери што се случува. Но најавите останаа само најави. Ниту се реагираше за програмата на БНТ 4 ниту Македонија побара, како што БНТ тука, МТВ да се емитува во бугарскиот етер.  

Од Агенцијата аудио и аудиовизуелни услуги тогаш се изземаа дека можат нешто да преземат во однос на програмата на БНТ 4 и  дека тоа може да го стори регулаторот во земјата од каде се произведува програмата во случајот Бугарија.

Од македонската телевизија беа децидни дека ги има сите услови првиот канал да се емитува и кај источниот сосед.

Во Владата свесни дека МТВ не се емитува на ниту еден оператор во Бугарија, се правдаа дека не можеле со декрет да наложат Националната телевизија, како што ја нарекoa Македонската телевизија, да се пушти во етер кај источниот сосед, a vо однос на спорната содржина која БНТ ја емитува кај нас, немаа коментар.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста