Промовирани колекцијата 22 романи на Божин Павловски

Дваесет и двата романи на Божин Павловски сведочат за неговиот обид да се спротивстави на  разнебитувањето на Македонија и изчезнувањето на Македонците. Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска, денеска го промовираа творештвото на академик Божин Павловски одбележувајќи два јубилеја на авторот: 80 години од раѓањето и 60 години плодно творештво.

  • Јас имав среќа да во текот на уредувањата среќавам многу многу автори кои подоцна добија Нобелови награди. Прво, во 1970 година јас го посетив Патрик Вајт, бегалец од Британија во Австралија и по две години доби Нобелова награда, рече Божин Павлоски – Академик, писател.

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев говори дека вечноста на Македонија треба да се отелотвори во уметничкиот универзум, а токму тоа го прави Павловски, нагласува Коцарев.

  • Јас не случајно го спомнав терминот Македонија два пати. Мене ми се познати два документи со кои се забранува терминот Македонија. Првиот докумнет од 25 април од 1903 наредба од султанот Абдул Хамит Втори со кој се забранува употребата на името Македонија. Вториот, решението на министерот за правда, кој го забранува името Македонија при регистрација на правни субјекти. Живееме во бурни времиња а Македонија е „стаена во казан и сите гаволи играат околу неа“П.М.А. а јас би додал и во неа, вели Коцарев, Претседател на МАНУ.

Македонскиот романсиер и есеист, Гоце Смилевски, вели дека она што историографијата ќе го заборави и избрише макар и за момент, книжевноста ќе остане да сведочи, а литературата ќе го запише.

  • Првото нешто што власта ќе го направи против својот народ е токму бришењето на историја, вели Гоце Смилевски, македонски писател.

Романите на Божин Павловски се преведени на 15-тина јазици, а авторот е добитник на домашни и меѓународни признанија и награди, а во 2008 година му беше доделена највисоката државна награда „11 Октомври“ за животно дело во уметноста. За  творештвото на Божин Павловски се објавени бројни есеи во повеќе земји, како и пет книги со критички-есеистички толкувања.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста