Промашен или домаќински? – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивни оценки за ребалансот на Буџетот

Проектираниот Буџет за 2022 година е промашен- реагираат од ВМРО – ДПМНЕ. Со прекројувањето на државната каса задоцнето  се кратат 200 милиони евра непродуктивни трошоци, кои наместо за стабилизација на економијата биле проектирани за луксуз. Со ребалансот добивме и 95 милиони евра помалку за капитални инвестиции, а од проектираната третина  за капитално инвестирање, за првото тромесечје од годината релизирана е само една половина.

Вистинските непродуктивни трошоци лежат во одржувањето веб страни на министерство за политички систем, во ставката за перење на коли на одредени министерства кои се и тоа како големи, за пиењето и плаќање над 1200 кафиња дневно во Влада, изградба на милионски згради на институции токму сега на институции кои можат да почекаат подобри времиња. Во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3% или ако гледаме од годишното проектирање од идеалните проектирани 33% за една третина од година, имајќи предвид дека е помината третина од годината, ова е половина реализација од идеално проектираните за една третина од годината. 16,3%, вели Арсовски.

Во новото прекројување се предвидува забавен економски раст, и инфлација од 7 , 2 отсто. Како што вели Арсовски, инфлацијата е веќе двоцифрена, а стапката на сиромаштија кај граѓаните е над 35% што е повеќе од една третина од граѓаните.

Од СДСМ доаѓа оправдување дека ребалансот е во насока на доброто на граѓанте , За Власта ова бил оправдан одговорен домаќински чекор, а оти македонската економија била стабилна и дури конкурентна.

Со ребалансот сериозно се кратат средства за непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, пари кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза.  Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна, вели Дарко Каевски пратеник и портпарол на СДСМ.

Ребалансот на Буџетот го разбуди револтот и кај синдикатите. Од ССМ велат дека во ваквата државна каса не гледаат пари за линеарно  зголемување на платите на вработените во јавниот сектор од 2800 денари и побараа итна средба со Владата.

„Потсетуваме дека во преговорите за нов Општ колективен договор за јавниот сектор беше прифатено дека линеарното зголемување на платите за најмалку 2.806 денари ќе се случи со ребалансот на буџетот, како што бевме убедувани од Владата, но за жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130.000 работници во државата, стои во соопштението од ССМ.

Од власта пак ја искористија можноста уште еднаш да се пофалат со зголемувањето на минималната плата, а  за растот на платите согласно минималната во сите сектори повторно  упатија само ветување дека ќе биде.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста