Производителите на јајца уверуваат дека и покрај загубите, нема да ги остават граѓаните без храна

Производителите на јајца и ориз, како и останатите фирми чии прозиводи се со замрзнати цени, уверуваат дека и покрај загубите кои ги трпат нема да ги остават граѓаните без основната храна. Владата пак, уште размислува дали ќе ги замрзне и овошјето и зеленчукот.

Јајца ќе има. Производителите ќе ја почитуваат владината одлука за замрзнување на цените на максимални 9,8 денари, иако велат дека поради високите трошоци ова ќе ја доведе во прашање нивната профитабилност.

Од најголемиот живинарска фарма во Македонија, „Везе Шари“, за Алфа објаснуваат дека дневно произведуваат нешто повеќе од 800 илјади јајца и дека тоа е доволно за покривање на потребите на домашниот пазар. Објаснуваат дека само вишоците ќе се пласираат во странство каде исто така има голема побарувачка.

  • Навистина има голем недостиг на јајца, не само дома, туку и во целиот регион, па и пошироко, и тоа поради многу други фактори, не е тоа цената актуелна, Во меѓу време, ја користам оваа прилика, пред време, да им ги честитам велигденските празници на граѓаните, и да кажам дека и велам дека нема да има конзумни јајца во следниот период, вели за Алфа Догани Абдрурезел, од најголемата живинарска фарма во Македонија, „Везе Шари“.

И оризот отиде под мраз, а земјоделците се плашат дека ова директно ќе удри по нив. Стравуваат дека откупувачите ќе ги намалат цените, ќе доцнат со исплатата и ова дополнително ќе ја влоши катастрофалната ситуација во која и онака се наоѓаат.

  • Пред да се донесе било каква одлука мора да се размислува и за последиците кои ние земјоделците ќе ги сносиме врз основа на оние одлуки што ги донесува власта, а не се во согласност со нашите потреби за оризопроизводството и ја негираат нашата желба за обработка на земјоделските површини, изјави за Алфа оризопроизводителот Стојче Ташовски.

И додека стопанството критикува дека вештачки се замрзнуваат цените и дека Владата треба да ги намали даноците и другите давачки за вистински да им помогне и на граѓаните и на фирмите, надлежните најавуаат нови анализи за евентуално замрзнување на месните производи, како и на овошјето и зеленчукот.

И сето ова се прави на рати, Владата секоја недела помпезно најавува ново замрзнување, а премерот се слика како купува основни намирници.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста