Продолжува традицијата за Богојавление Водици во Кисела Вода

По повотрно возобновената традиција за одбележување на големиот православен празник „Богојавление – Водици“ во општина Кисела Вода, и бројната посетеност од жителите на минатогодишната манифестација, локалните власти и годинава продолжуваат. Овој пат, со уште поголеми очекувања.

  • „Тоа ќе биде Литија, која што ќе почнува во 10:30 во четврток во црквата Св. Ѓоргија, каде што очекувам доста од нашите сограѓани да присуствуваат на истата, па заедно сите да се упатиме со свештениците, од таму, кон базенот „Расадник“, каде што ќе се одвива свечениот настан, односно, фрлањето на крстот во базенот.“ – Изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ѓоргиевски вели дека се гордеат со тоа што успеале да сработат безмалку 70% од програмата со која се претставиле пред сограѓаните.

  • „Нашава општина знаете дека години наназад важеше за една од полошите општини за подземна и надзмена инфраструктура, општина со малку инвестиции во образованието, во предшколската возраст, во која што на мое задоволство пред новата година за прв пат отворивме современ, затворен пазар на територија на нашата општина, така што, фокусот ни беше, сите оние горливи проблеми 30рина години наназад кои што го мачеа нашето население, мојот народ овде, беа тргани настрана и никој не се фокусирал да ги реши, да ги решиме најголем дел“ – Истакна Ѓорѓиевски.

Инаку, откако традицијата за одбележување на „Водици“ во општина Кисела Вода беше замрена повеќе 30тина години, сега целта на локалните власти е манифестацијата по повод празникот да стане нешто по што општината ќе стане препознатлива. За најсреќниот учесник што ќе го фати крстот e предвидена парична награда.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста