Продолжува санирањето на последиците од страшното невреме во Делчево

Уништена покуќнина, поплавени возила, домови, државни институции, уништени улици, ваква слика остави позади себе невремето што вчера го зафати Делчево. денеска животот во Делчево poleka се враќа во нормала. Се санираат штетите. Со багери се расчистуват наносите од песок и кал што ги донесе надојдената вода. Противпожарните екипи од Делчево и околните градови Македонска Каменица, Кавадарци, Пехчево, Берово цела ноќ со помпи ја испомпуваа водата од поплавените домови и подруми. Делчевчани се уште се во шок од она што го преживеаја сношти.

Засега поплавени се околу педесетина објекти, приватни куќи и државни институции. Најпогодени се населбите Пролет и Басарица. Според делчевчани не само дождот е виновен за хаваријата, туку и неисчистените шахти и каналите во кои се влева атмосферската вода.

  На итна вонредна седница советниците на Делчево донесоа одлука за прогласување на елементарна непогода, а Комисија за проценување на штети ќе излезе на терен. Силно невреме вчера  го зафати и карбинскиот регион, а гром усмрти стадо овци. Инаку водостојот во сите реки е зголемен, а брана Калиманци е 5сантиметри до прелив. Опасност од поплави нема

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста