Продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, Веапоска бара да реагира министерот за здравство

Родилката од Дебар Јилдз Веапоска која остана без матка,бубрег и јајник,јавно го повикува министерот за здравство Фатмир Меџити,да не замижува пред нејзиниот случај оти како што вели вадењето на органи не е шега.Јас сум, додава таа половина човек,практично инвалид и наjмалку што очекuвам од новиот министер да го раскринка случајот, а обвинетите доктори никогаш повеќе да не облечат бел мантил.

 Имам повик до министерот за здравство како што ги гледа сите случаи за анестезиологот, за Јана, за малото бебе да има слух и за мојот случај и да реагира до Лекарската комора и таму каде што има надлежност, да побара одземање на лиценците на овие доктори кои ми го направија ова-вели родилката Јилдз Веапоска.

Денеска пред судот исказ даде единствениот сведок, мидицинската сестра која работи како акушер во струшката општа болница,раскажувајќи што се случувало на гинеколошкото одделение од моментот кога родилката ги добила првите болки, се до моментот кога била внесена во опарациона сала кога состојбата и се влошила. За Веапоскаисказот на сведокот е само делумно точен.Јас барав да ме пуштат од болницата,но не за да си одам дома, туку моите да ме однесат во друга болница бидејќи знаев дека со мене нешто не е во ред.

Судењето продолжува на 21-ви јуни,тогаш во судницата ќе се појават професори од Институтот за судска медицина.

Тука ќе има малку тактика бидејќи одбраната има доставено свои медицински вештачења кои се косат со вештачењето од судска медицина и тука предвидлив исхот на одлуката на судот ќе биде да се обезбеди супервештачење што ќе ја обремени постапката, но и ние сме подготвени за за тоа, бидејќи знаеме што се случувало за време на операцијата и знаеме кој ќе биде конечниот исход на оваа постапка-вели адвокатот Сашо Јанев.

Инаку,обвинителството цени дека при укажувањето лекарска помош, тројцата доктори Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска, примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. Тие се гонат за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста