Припадници на бугарската заедница гласаа во Скопје: Не се чуствуваме дискриминирани!

Не се чуствувам дискриминарано, сите закони како важат за другите така и за мене, вели Симеон Јорданов, Бугарин кој живее во Македонија. Односите Скопје – Софија никогаш не биле на вакво ниво како изминатата година – велат оние кои ги регистрираше нашата камера додека го остваруваа своето право на глас за петтите по ред парламентарни избори во Бугарија.

  • АНКЕТА:

Се чуствувате ли дискриминарано овде во Скопје? – Не, дискриминирано не се чуствувам затоа што гледам дека законите и за мене важат како и за сите други“ вели Симеон Јорданов.

Јас сум 54 години. Ова беше првата година во која имаше таква криза и мислам дека тоа ќе биде последна година“.

Јас сум сигурна дека партијата за која гласав ќе направи се што може за да продолжат добрососедските односи со Македонија, и тоа што навистина го посакувам на моите македонски пријатели кои ги имам многу да бидеме заедно во Европската Унија“.  

Додека стоевме пред бугарската амбасада во Скопје се појавија да гласаат десеттина. Внатре не беше дозволено снимање, а од избирачкиот одбор само ни рекоа дека се појавиле повеќе гласачи од пријавените.

  • Иако последниот попис покажа дека во Македонија живеат над 3000 Бугари, за последните избори се пријавија само 169 гласачи. Едно од гласачките места е Бугарската амабасада зад мене“.

Се надеваат дека ова ќе бидат избори кои ќе ја решат политичката криза во Бугарија истовремено очекуваат новиот состав во пријателски тон да ни биде поддршка на нас Македонците на патот кон Унијата.

  • АНКЕТА:

Очекувате ли да се реши политичката криза, да се формира влада? Да, да сигурно ќе се формира. Сè ќе се реши. Ќе се промени однесувањето на Бугарија кон Македонија, и владата ќе биде многу успешна“.

Навистина се надеваме дека ќе се формира Влада, затоа што и Бугарија и целиот регион го заслужуваат тоа. Доста ни закочуваа бидејќи ние одиме во вистинска насока а тоа е насоката на европското развување на регионот. Сите тука сме пријатели, и политичарите тоа треба да го имаат во предвид и да не нѝ сметаат“.

Навистина се надеваме, и се надеваме дека ќе излезат што поголем број граѓани на гласање и да има мнозинство и да се состави Влада која за жал во последните две години ја имавме само шест месеци“.

И последните анкети покажуваат дека и ГЕРБ на Бојко Борисов наспроти  „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Демократска Бугарија котираат исто односно поддршка добиваат од 26 отсто гласачи. Повеќе од 5.600 кандидати од 14 политички партии и 7 партиски коалиции се пријавени на петтите избори во само две години и формирање на 240-членото Национално собрание – еднодомниот парламент на Бугарија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста