Приоритети на власта: Немало пари за учебници но има за автомобили, мебел, апетисани

Власта нема пари за учебници, ама затоа има за нови автомобили, за скап мебел, за морски плодови и за златни чинии. Од опозицијата реагираат дека со буџет од 450 милиони евра за образованието, кој е за 8,4% поголем од ланскиот, ресорното Министерството нема пари за печатење на нови учебници. Според Весна Јаневска, разочарувачки, депресивно и срамно е Македонија по прв пат од нејзиното постоење да се расфрла со народи пари за се’ и сешто, а да нема пари за книги.

  • Имено МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, тој е за 8,4% поголем од буџетот за 2022 година, а Шаќири при неговата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати. Од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука прашуваме на што се трошат 450 милиони евра пари кои МОН ги има во буџетот, ако нема пари за учебници? Да потсетиме дека оваа Влада немаше пари ниту за свидетелства, кои доцнеа, ниту за учебници во основно кои ги печатеа за еднократна употреба. Книгите, односно учебниците, почитувани, за образованието, се од суштинско значење и тие се основа за сите други видови учења. Без нив оние што учат би немале ниту појдовна точка, ниту начин за проценка на својот напредок, вели професорката Весна Јаневска.

Ова доаѓа откако вчера министерот за образование во гостување на една националана телевизија изјави дека реално немало доволно пари за печатење на учбеници по сите предмети во средното образовние.

Денеска, пак, Јетон Шаќири преку соопштение се обидува да се дообјасни – во него стои дека се одобрувале нови учебници за средно стручно образование кои етапно ќе се печателе.

  • На почетокот на годинава приоритет се даде на учебниците во основното образование, а наскоро ќе започне и печатењето на учебници за средно стручно образование, кои се одобрени и за прв пат ќе ја најдат својата примена во наставата, велат меѓу другото од МОН.

Учебници се најавуваат по кој знае кој пат на два месеци пред крајот на учебната година. Останува да видиме дали ќе се повтори и ланската слика кога немаше ниту свидетлества, па наместо во јуни учениците си ги добија оценките дури во септември, на првиот училишен ден.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста