Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир: Вербално и физички нападнале полицајци

Тројца бугарски државјани беа приведени од полициските службеници на граничниот премин Деве Баир откако претходно со часови провоцираа, се караа и се обидуваа дури и физички да пресметаат со граничарите.

Најголем дел од нив, по неколкучасовно чекање за влез на македонска територија и откако поминаа низ силни безбедносни проверки одлучија да се вратат назад кон Софија.

Пред да заминат не ја испуштија можноста пред македонските медиуми да кажат дека Делчев бил бугарски револуционер и да ги навредат Македонците,  но во Скопје сакале да дојдат само за да се поклонат на неговиот гроб.

Утрото компјутерскиот систем на граничните премини не функционираше неколку часа па се пропуштаа само итните случи. Токму ова беше причина за тензиите – бугарските граѓани почнаа да ги навредуваат полициските службеници но и македонскиот народ.Началникот да дојде! Мирно, ќе им кажувате во редовите на МВР на Македонија. Ние сме бугарски граѓани, а со тоа и европски! Ако сакате нормално да се одвиваат работите ќе се однесувате со почит кон бугарските граѓани, така како што ние се однесуваме со вас.

Началникот да дојде! Мирно, ќе им кажувате во редовите на МВР на Македонија. Ние сме бугарски граѓани, а со тоа и европски! Ако сакате нормално да се одвиваат работите ќе се однесувате со почит кон бугарските граѓани, така како што ние се однесуваме со вас.  -Нема потреба од викање      Има потреба од викање зашто не разбирате бугарски. Тоа што го прават вашите сограѓани е ненормална работа. Ниту сме вооружени ниту носиме бомби ниту сме Авганистанци.  -Повелете влезете во вашите возила....

Во текот на целиот дел, со мали инциденти, со посебни безбедносни мерки за поминување на границата и протокол за медиумските екипи, силното полициско обезбедување ситуацијата ја држеше под контрола.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста